Моделот Z4 на BMW оствари одлични перформанси на краш тестот на Euro NCap освојувајќи максимални пет ѕвезди.

Со основно ниво на опременост овој автомобил забележа скор од 97% во однос на безбедноста и заштитата на возрасните. Во поглед на заштитата на децата остварен е скор од 87%.

Во поглед на пешаците, Z4 оствари скор од 91%, a 76% изнесува скорот во поглед на безбедносната асистенција.

Со овој скор, Z4 значително ги подобри перформансите во поглед на претходната генерација која освои само три ѕвезди, а истовремено прерасна во најбезбеден родстер.