Доколку планирате да купите нов автомобил тогаш имате одлична промотивна понуда со која ќе добиете пушка, знаме и примерок од светата книга Библија.

Ова не е промотивна акција која можете да ја најдете во салоните во Македонија, но затоа ја има во Алабама, САД.

Како што објави продажниот салон за автомобили Chatom Ford, со секој купен нов Ford сега може да добиете американско знаме, сачмарка и Библија. Сето ова го добивате под промотивната акција насловена како “God, glory and freedom” односно “Бог, слава и слобода”.

Оттаму појаснуваат дека со секој нов автомобил салонот нема да ви даде пушка туку купон кој може да го искористите во било која продавница за оружје во САД.

Засега нема информација колку оваа акција помогна во зголемувањето на продажбата на нови автомобили.