Во пресрет на саемската премиера закажана за саемот во Франкфурт следната недела, Volkswagen обелодени дека веќе има примено 30 илјади резервации за електричниот автомобил ID.3.

Германскиот производител започна да прима резервации за овој модел уште во мај годинава и тоа со уплата од симболиче депозит од 1.000 евра, а за само еден месец имаше над 10 илјади резервации што му предвидува светла иднина на овој електричен модел.

Инаку овој модел се темели на MEB платформата која се користи и кај други електрични автомобили од Volkswagen Групацијата. Дизајниран во целост е од Марк Лихте, а производството стартува годинава во Цвикау, Германија.

Во понудата дооаѓа со три варијанти и тоа со батерии од 45, 58 и 77 KWh, а со самото тоа автономијата се движи од 330 до 550 км со едно полнење.