Skoda Scala е моделот на кој чешкиот производител работеше долго време. Амбициите се да прерасне во најпродаван автомобил во својот сегмент, па оттука премиерата на овој модел оваа година зазема централно место во акциониот план на Skoda за оваа година.

Овој компактен модел од C сегментот се темели на MQB A0 платформата која ќе биде користена и кај следниот најмал SUV во понудата на Skoda. Под хаубата овој автомобил ќе располага со 1.0 и 1.5 литарски TSI бензински мотор како и 1.6 литарски TDI дизелски мотор.

Во Македонија почетната цена за основното ниво на опременост т.е. Ambition 1.0 литарски TSI мотор со 95 КС изнесува 14.560 евра. Ова е најевтината Scala во понудата, а за доплата од 650 евра добивате ист 1.0 литарски TSI мотор, но со 115 КС.

Токму во оваа рубрика “Другите тестираат” ви го прикажуваме тестот што го спроведе What Car?. Уживајте!