Страшен инцидент се случи денеска на патеката во Монца во рамките на трка од Формула 3 шампионатот.

Додека се возеше 19. круг, Алекс Перони буквално полета во воздух со неговиот болид. Тој при тоа се изврте неколку пати и се заби над заштитната ограда.

Перони имаше голема среќа бидејќи помина без сериозни повреди, а од FIA најавија темелна истрага за наоѓање на причината за овој инцидент.