Речиси 70% од светското население вози на десната страна од коловозот. Но дали знаете во кои се земји се вози на левата страна?

Од вкупно 195 земји членки на Обединетите Нации, во 141 земја се вози на десната страна, додека во преостанатите 54 на левата страна.

Најдобро познат пример е Велика Британија. Уште од почетокот во оваа земја се вози на левата страна, а на истата страна се вози и во Република Ирска. Изненадување е и фактот што на оваа страна се вози и во Кипар и Малта, но и во Јапонија и Индонезија.

Благодарение на тоа што во минатото беа британски колонии, на левата страна сеуште се вози и во Австралија, Нов Зеланд и бројни острови од Океанија како што се Соломонските Острови, Самоа, Науру, Фиџи и други острови.

По окупирањето на Папуа Нова Гвинеја од страна на Германија, во оваа земја е воведено десното правило, но по окупирањето од страна на Австралија вратено е левото правило.

File:Countries driving on the left or right.svg

И во најголем дел од останатите земји се користи левото правило пред се поради колонијални причини. Така ова правило денес сеуште важи во Индија, Јужна Африканска Република, Шри Ланка, Зимбабве, Замбија, Уганда, Тајланд, Намибија, Мозамбик, Малави, Боцвана, Кенија, Гвајана, Свазиленд, Бангладеш…

Левото правило се практикува и во бројни земји од Централна Америка како што се Бахамите, Антигва и Барбуда, Јамајка, Доминика, Трининдад и Тобаго…

Има и бројни земји каде некогаш се возело на левата страна, а сега на десната. Такви се Шведска, Финска, Србија, Хрватска, Словенија, Чешка, Словачка, Унгарија, Португалија, Аргентина, Уругвај, САД…

[ВИДИ ПОВЕЌЕ: Еве зошто возиме на десната страна]