За прв пат по 2010 година Ferrari победи на трката за големата награда на Италија која денеска се возеше на легендарната патека во Монца.

Најзаслужен за тоа е Шарл Леклер кој по 53-те извозени круга заврши на првата позиција со време од 1:15:26.665. Во интересниот финиш на втората позиција заврши Ботас со заостанување од 0.835 секунди додека на третото место заврши неговиот клупски колега Хамилтон. Најдобрата петорка ја сочинуваат уште и возачите на Renault, Рикијардо и Халкенберг,

Всушност, денеска победи само возачот на Ferrari, Леклер, но во конкуренција на конструктори најмногу поени, 34 освои Mercedes.

По оваа трка на генералниот пласман и натаму на сигурната прва позиција со 284 поени е Хамилтон пред Ботас на втората позиција со 221 поен. На третата позиција е Ферстапен кој на денешната трка заврши на осмата позиција.

Во однос на генералниот пласман на конструктори, убедливо на првата позиција се наоѓа Mercedes со 505 поени, пред Ferrari so 351 поен однсоно Red Bul Racing-Honda со 266 поени.

Следната, 15-та трка сезонава се вози на 22 септември кога на програмата е трката за големата награда на Сингапур.

Поз.ВозачВремеПоени
1
C. Leclerc

Ferrari·#16
1:15:26.66525
2
V. Bottas

Mercedes·#77
+0.835s18
3
L. Hamilton

Mercedes·#44
+35.199s16
4
D. Ricciardo

Renault·#3
+45.515s12
5
N. Hülkenberg

Renault·#27
+58.165s10
6
A. Albon

Red Bull·#23
+59.315s8
7
S. Pérez

Racing Point·#11
+73.802s6
8
M. Verstappen

Red Bull·#33
+74.492s4
9
A. Giovinazzi

Alfa Romeo·#99
+1 Lap2
10
L. Norris

McLaren·#4
+1 Lap1
11
P. Gasly

Toro Rosso·#10
+1 Lap0
12
L. Stroll

Racing Point·#18
+1 Lap0
13
S. Vettel

Ferrari·#5
+1 Lap0
14
G. Russell

Williams·#63
+1 Lap0
15
K. Räikkönen

Alfa Romeo·#7
+1 Lap0
16
R. Grosjean

Haas·#8
+1 Lap0
17
R. Kubica

Williams·#88
+2 Laps0
18
K. Magnussen

Haas·#20
DNF0
19
D. Kvyat

Toro Rosso·#26
DNF0
20
C. Sainz Jr.

McLaren·#55
DNF0