И втората генерација на најпродаваното комерцијално возило на Mercedes, моделот Citan, ќе се развива заедно во соработка со Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата.

Ова е потврдено од страна на двете компании со што продолжува соработката од 2012 година кога за прв пат овие две компании заедно работеа на развојот и производството на комерцијалните возила од овој тип.

Оваа соработка практично занчи дека новиот Citan ќе ја дели истата платформа како и Renault Kangoo и Dacia Dokker, но со целосно нова технологија развиена од страна на германскиот производител.

Ова не е единствен пример за соработка кога се во прашање комерцијалните возила. Претходно соработуваа PSA Групација и FCA, а сега истото го прават Toyota и PSA Групацијата. Целта е да се намалат трошоците за истражување и развој, како и производните трошоци.

Засега останува нејасно кога ќе се појави новиот Citan иако некои сметаат дека тоа ќе се случи веќе на саемот во Франкфурт.