Владе Дивац влезе во “Куќата на Славните”, а сето тоа го одбележа и Дино Раѓа кој минатата година ја имаше таа чест.

Токму тој му правеше и друштво на Дивац во Спрингфилд, а сето тоа го одбележа и на својот Инстаграм профил каде пишуваше за нивните авантури со Yugo 45.

“Од Југо 45 до ова. Зошто постојано го спомнувам Југото 45. Затоа што со него еднаш се возевме на репрезентативните припреми 300 км без сопирачки. Како сопиравме немам идеја.” стои во Инстаграм постот прикажан во продолжение.

Инаку ова престижно признание Дивац го доби благодарение на одличните настапи за Лос Анџелес Лејкерс, Шарлот Хорнец и Сакраменто Кингс.