На интернет се појави видео запис од километарска писта на кое се сместени нови автомобили на Mercedes. Тоа предизвика интерес кај светската, а особено германската јавност.

Поради тоа некои германски медиуми спроведоа истражување со цел да откријат зошто на авионска писта во бизина на Бремен (Германија) се складираат нови автомобили од брендот на Mercedes.

Локалните медиуми наведуваат дека веќе со месеци на оваа писта се складираат најразлични модели на Mercedes, но најчести се GLE, GLS, C и Е класа.

Во недостаток на официјални информации, некои сметаат дека тоа се автомобили произведени во американската фабрика на Mercedes во Алабама кои се со фабричка грешка односно при производство не се исполнети бараните спецификации за безбедност и квалитет.

Некои сметаат дека тоа е само место каде Mercedes ги складира автомобилите пред истите да ги испорача кон крајниот потрошувач.

Токму и германскиот производител излезе со соопштение во кое наведува дека во сето тоа нема ништо чудно и дека истите се складираат поради логистички причини.