Нема ништо од премиерата на Tesla камионетот овој септември. Иако претходно беше најавено дека тоа ќе се случи во текот на летото, а потоа прецизирано за септември, премиерата ќе се одложи за некое време.

Последните информации говорат дека тоа ќе се случи во ноември без при тоа да се потврди точното време и местото на премиера.

Претходно првиот човек на Tesla, Маск ја потврди и почетната продажна цена на овој модел во САД. “Не сакаме да биде многу скап, мислам дека почетната цена ќе биде пониска од 50 илјади, максимално 49 илјади долари, а идеално би било и помалку од тоа” изјави Маск пред неколку месеци кој тогаш додаде дека покрај основниот модел ќе има и поскапи во зависност од нивото на опременост и типот на батеријата.

На американскиот пазар, Tesla за конкуренти ќе ги има Ford F-150 кој долго време е најпродаваниот камионет во САД, но и најавениот електричен камионет на Rivian.