Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на малопродажните цени на горивата за наредните седум дена.

Според денешната одлука, цената на дизелот се зголемува минимално, за половина денар додека цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се намалува за половина денар.

Новите цени кои стапуваат во сила од ноќеска се прикажани во продолжение.

  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 66,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 69,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 61,50 (денари/литар)
  • Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 51,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 31,147 (денари/килограм)

Следната корекција на цената ќе се изврши следниот понеделник.