Денеска со отворање на вратите за медиумите започна 32-то издание на еден од најмасовниот саеми за автомобили, саемот во Франкфурт.

Оваа година централно место заземаaт електричните автомобили, особено оние на германските производители кои традиционално ги одмеруваат своите сили на домашен терен.

Најголема застапеност има Mercedes со над 10 автомобили на својот штанд меѓу кои и концептот Vision EQS. BMW на штандот има шест продукциски модели и два концепти: BMW Concept 4 и BMW Vision M Next. Audi има осум продукциски модели како и концептот Al:Trail Quattro.

Сепак, на овој саем не учествуваат и бројни други производители како што се Fiat, Jeep, Alfa Romeo, Peugeot, Renault, Citroen, Toyota, Kia…

Влезниците достигнуваат и до вртоглави 649 евра. Оваа цена треба да ја платите доколку сакате да добиете еден од конференциски тикети со кои имате загарантирано место на бројни конференции. Обичниот дневен тикет изнесува 46 евра, а доколку сакате да го посетите саемот преку недела тогаш треба да платите 13 евра. Најевтиниот тикет изнесува 9 евра и истиот можете да го користите доколку го посетите саемот до 15 часот во ден преку неделата.