Конечно е претставен првиот, целосно електричен автомобил од новата ера на Volkswagen ID.3.

Овој автомобил беше свечено претставен на првиот ден од саемот во Франкфурт пред медиумите.

Дизајнот е дело на Марк Лихт, а е невообичаен за Volkswagen Групацијата. Се темели на MEB платформата, а димензионално е брат бризнак на концептот SEAT el-Born. Должината изнесува 4.26 метри, висината 1.55 метри додека ширината 1.80 метри. Официјалните податоци покажуваат и меѓуоскиното растојание изнесува 2.75 метри додека тежината 1.600 кг.

Доаѓа во три верзии. Првата со 45 kWh и дострел од 330 км, втората верзија со 58 kWh батерија и 420 км дострел и најефикасната од 77 kWh и 550 км дострел.

Во внатрешноста се наоѓа DAB+ дигиталниот радио систем, целосно новиот инфотејнмент систем како и бројни додатоци. Тука е и адаптивниот круз контрол, матрикс LED светлата, стилските седишта, безжичното полнење на смарт уреди и многу други додатоци.

Во производство влегува од крајот на следниот месец, а првите испораки се очекуваат во ноември. Почетната цена изнесува нешто под 30 илјади евра, а досега се резервирани над 30 илјади автомобили.