На штандот на Opel во Франкфурт може да се сретне електричната верзија на новата Corsa. Овој автомобил германскиот производител го подготвува да биде главниот адут во електричната понудата.

Во соопштението кое го објави Opel, се наведуваат начините на полнење на батериите. При тоа на јавен полнач од 100 kW за да поминете 100 км ќе ви треба само 12 минути полнење. Тоа значи дека за една минута вие добивате 9 км. На полнач од 50 kW за да ја поминете истата дистанца потребни ќе ви бидат 19 минути или за секоја минута добивате по 5 км.

Доколку се решите батеријата да ја полните дома тогаш потребни ќе ви бидат 90 минути односно за секоја минута полнење добивате по 1 км.