Volkswagen го претстави своето ново лого на првиот ден од саемот во Франкфурт и веднаш се најде на мета на бројни негативни критики.

Минималистичкиот стил кој VW го одбра да биде заштитен знак во наредниот период не им се допадна на вљубениците на оваа марка кои беа навикнати на 2D логото.

Во наредниот период Volkswagen ќе треба да замени близу 70 илјади логоа поставени на 10 илјади продажни и сервисни центри во 154 земји ширум светот.