Германската компанија Daimler преку соопштение објави дека започна со тестирање на автономниот камион на јавните патишта во САД.

Станува збор за камион со четврто ниво на автономија со што овој камион спаѓа во целосно автономно возило.

Тестовите се спроведуваат во американската сојузна држава Вирџинија, а како придружба на камионот се наоѓаат уште две возила.

Засега нема информации кога овој камион би можел да се најде во производство, а со истиот Daimler парира на Volvo кој веќе подолго време тестира автономни, тешки товарни возила.