Денеска и утре на територијата на градот Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

Најпрво денеска во период од 21:00 до 06:00 часот поради снимање на филм во организација на “Вертиго Висуал ДОО” од Скопје, на булеварот Илинден во близина на градскиот парк ќе има посебен сообраќаен режим при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Денес, 12.09.2019 и утре, 13.09.2019, во период од 18:00 до 06:00 часот во период од 18:00 до 06:00 исто така поради снимање на филм, затворена за сообраќај ќе биде улицата Лазар Личеновски во центарот на градот.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот, стои во соопштението од МВР објавено на официјалната интернет страница на МВР.