Општина Центар на својата интернет страница објави дека минатата недела на територијата на општината биле санкционирани 286 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во соопштението се наведува дека од 02.09.2019 па се до 09.09.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 124 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 162 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, стои во соопштението.

Општина Центар веќе неколку месеци спроведува засилени контроли за евидентирање и санкционирање на непрописно паркираните возила.