На саемот во Франкфурт, Hyundai го претстави концептот 45 EV. Овој концепт е инспириран од моделот 45 Pony Coupe од 1974 година па по него е и именуван.

Благодарение на бројната напредна технологија, автономноста и електрификацијата, овој модел го отсликувае поимањето на Hyundai за тоа што значи автомобил на иднината.

Моделот Pony беше дизајниран од Џорџето Џуџаро, а врз дизајнот на овој концепт голема улога има и De Tomaso Mangusta, уште еден автомобил дизајниран од страна на Џуџаро кој пак беше основа за Pony.

Јужнокорејскиот производител засега не открива никакви технички информации за овој автомобил, а нема никакви шпекулации ниту за погонот.

Внатрешноста е минималистичка со големи екран осетлив на допир. Предните две седишта се ротациони, висински прилагодливи и крајно невообичаени. Токму електричниот погон со минималистички екстериер овозможува максимизација на просторот во внатрешност со што се зголемува комотноста.