Во рамките на саемот во Франкфурт, шефот за операции на Volkswagen Ралф Бранстатер откри дека наредната, втора генерација од моделот Amarok ќе се појави во текот на 2022 година.

Оваа втора генерација нема да биде опфатена во планот за електрификација па така во понудата ќе дојде со традиционалните мотори на внатрешно согорување.

Тоа значи дека под хаубата ќе има 2.0 литарски бензински мотор и два дизелски мотори, еден со 2.0 литри и друг со 3.0 литри. При тоа во комбинација може да се најде со шест степен мануелен и осум степен автоматски менувач.

Овој камионет во понудата на Volkswagen се појави во 2009 година, а дизајнот е дело на италијанецот Валтер де Силва. Поради големата побарувачка од оваа година се произведува и во Релизане (Алжир), а тоа е третата локација каде се произведува по Генерач Пачеко (Аргенинта) и Хановер (Германија).