Градот Скопје преку соопштение објавено на официјалната интернет страна на Градот објави дека во наредниоте десет дена т.е. од вчера па се до 22 септември затворена за сообраќај ќе биде улицата Христо Татарчев, на потегот од Енергосистем до новиот кружен тек.

Овој дел од улицата е затворен поради изведување на градежни активности за попречна решетка за прифаќање атмосферски води.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.