Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, минатата година биле регистрирани вкупно 29.167 паркинг места.

При тоа 22.064 паркинг места се на отворено, 2.181 паркинг места се покриени додека во катните гаражи ширум земјата се наоѓаат 4.952 паркинг места.

За листата со посебни потреби се регистирани 660 паркинг места од кои 460 на отворени, 51 покриени и 149 во катна гаража.

Статистиката покажува дека сите места за паркирање зафаќаат површина од 582.753 метри квадратни.