Краш тестовите знаат често да бидат стресни за одредени авто производители. Тоа секако не важи за Mercedes, производител кој е дефиниција за квалитет и безбедност со децении.

Оттука воопштo не беше под знак прашалник колку ѕвзеди ќе освои Mercedes-Benz CLA на краш тестот на Euro NCAP. Овој модел со основно ниво на опременост освои максимални, пет ѕвезди проследени со одлични процентуални скорови во сите четири параметри.

Така во однос на безбедноста на возачот односно возрасните овој автомобил постигна скор од 96%. Идентичен скор од 91% освои во однос на безбедноста на децата и и пешаците, а во однос на безбедностната асистенција освои 75% што е секако одличен скор.

Како изгледаше краш тестот погледнете во продолжение.