За разлика од Македонија каде во рент-а-кар понудата има нискобуџетни и по некој премиум автомобил, во Западна Европа, поточно Швајцарија покрај нискобуџетни можете да се сретнете и со богата понуда на премиум автомобили.

Во богатата понуда можете да најдете и BMW серија 7, Audi A8 и Mercedes S класа, а цените започнуваат од 115 евра дневно. За 37 евра дневно можете да возите Range Rover Evoque, a за 50 евра повеќе и Mercedes C класа.

За 120 евра дневно имате и Mercedes E класа, Mercedes CLA и BMW серија 3. За 340 евра/дневно можете да го изнајмите најновиот Q8 на Audi со погон на сите четири тркала, а за 10 евра помалку и VW Touareg 3.0 4×4.

Во понудата можете да најдете и купе изведба на BMW i8. Цената за овој автомобил изнесува 1.540 евра и тоа за 1.250 км. Доколку сте љубители на караван тогаш можете да изнајмите BMW 320d xDrive Touring и тоа за 880 евра месечно односно за 850 км, што побрзо.

Тоа не е се, Porsche Macan може да изнајмите за 720 евра по ден, Ferrari GTC 4 Lusso за 1.350 евра, Lamborghini Urus за 2.400 евра, а за иста цена можете да возите и Ferrari 812 Superfast.