Toyota и натаму останува да биде дефиниција за безбедност чија примарна цел е безбедноста на патниците и околината. Тоа го докажа и со краш тестот на новата генерација на Corolla која освои максимален учинок на краш тестот спроведен од Euro NCap.

Хечбек изведбата оствари одлични перформанси во однос на сите четири параметри. Најдобро се покажа во однос на безбедноста на возачот каде оствари скор од 95% што е и повеќе од одличен. Во однос на безбедноста на задната клупа односно на децата, оствари скор од 84%, а нешто подобар скор (86%) оствари во однос на безбедноста на пешаците.

Најслаб скор, но во споредба со конкуренцијата одличен, новата Corolla освои во безбедносната асистенција на возачот и тоа 77%.

Со овие перформанси новата Corolla е еден од најбезбедните автомобили во својата класа, а воедно и во однос на останатите модели на Toyota автомобилите.