Пад од 3.1% на продажбата на нови автомобили забележа Volkswagen Групацијата во август споредбено со истиот месец минатата година.

Во текот на минатиот месец на глобално ниво испорачани се 848.600 возила додека во август минатата година 875.400 возила. Најголем процентуален пораст на продажбата има кај комерцијалните возила на Volkswagen и тоа од 3.4% додека најголем пад забележа Porsche и тоа од -8.6%.

По региони, пораст на продажбата е остварено само во Северна Америка (+3.3%) и Јужна Америка (+3.9%) додека на сите останати регионални пазари има пад.

 

Од јануари па се до август Volkswagen Групацијата продаде 7.101.000 возила што споредбено со истиот период минатата година е пад од -2.8%.