Според статистичките податоци објавени од страна на Државнит Завод за статистика, во Македонија најмногу се возат автомобили на нафта.

Според податоците, минатата календарска година од вкупно регистрираните 415.015 автомобили, 208.805 користеле дизелски агрегати, а 194.384 бензински.

Комбинирано, бензин-гас користеле 11.706 автомобили, а дури 44 користеле електрична енергија.

Инаку Скопје е еден од ретките градови во Македонија каде жителите преферираат повеќе да возат автомобили на бензин. Така од вкупно 149.483 регистрирани автомобили во 2018 година, на бензин биле 82.650 додека нафта користеле 64.671 автомобил.