Ducati одбележа одличен јубилеј. По 16 години од лансирањето, во својата фабрика го произведе 100 илјадитиот примерок од Multistrada.

Јубилејниот примерок е испорачан на купувач од Дизелдорф, Германија, а станува збор за Pikes Peak 1260 верзијата.

Следната година во произвводство ќе се појави и Streetfighter V4 верзијата која своето деби ќе го има во ноември на саемот EICMA во Милано.

Производителот од Болоња и натаму ќе продолжи да вложува во развојот на овој модел. Веќе во 2021 година ќе бидат претставени нови верзии, а ќе има и со V4 агрегат.