По само една сезона во тимот на Williams, Роберт Кубица си заминува од тимот на овој конструктор, потврди самиот Кубица за formula1.com.

“Донесов одлука според која нема да продолжам со Williams по оваа година” изјави Кубица. “Оваа одлука отвора нешто повеќе можности за мене и други сценарија кои ќе ги евалуирам” додаде тој.

34 годишниот Кубица во тимот на Williams дојде откако минатата година беше тест возач за овој конструктор. Претходните години настапуваше во светските и европски рели шампионати, а својата кариера како возач на Формула 1 ја започна во тимот на BMW Sauber, а потоа возеше и за Renault.

Сезонава, Кубица по 14 трки во се наоѓа на претпоследната позиција на генералниот пласман, а најдобар резултат оствари во Хунгароринг каде заврши на 10. позиција.