Иако сегментот на мини автомобили во Европа е во опаѓање, а профитите на производителите во овој сегмент стануваат минимални, Kia сепак не се откажува од овој сегмент во Европа.

Веќе работи на новата генерација на Picanto, најмалиот автомобил во понудата на Kia, а она што во моментов се разгледува е можноста за лансирање на електрична верзија од овој модел.

“Лансирањето на Picanto на батерии е голем предиззвик. Сега или подоцна ние ќе мора да го направиме тоа” изјави Емилио Херера, раководител на Kia Motor Europe.

Ford и Opel го напуштаат овој сегмент, но Volkswagen, Skoda и Seat објавија дека во понудата и понатаму ќе ги имаат моделите up, Citigo и Mii, но само како електрични автомобили. Fiat најави дека наскоро во производство ќе влезе и електричниот 500, а и Renault објави дека ќе има електричен претставник во овој сегмент.

Оттука, Kia доколку сака да ја следи конкуренцијата ќе мора да го лансира електричното Picanto порано отколку очекуваното, но со верзија со традиционални мотори ќе биде еден од ретките автомобили во тесната понуда во сегментот.