Градот Скопје соопшти дека во изминатата недела (16.09.2019 – 22.09.2019) отстрани 357 непрописно паркирани возила кои биле паркирани на јавните површини.

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 43 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 314  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, стои во соопштението на градот Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  484 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 43 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје, Општина Центар како и полициски службеници при СВР Скопје интензивно работат на терен на отстранување непрописно паркирани возила, но и санкционирање на сообраќајни прекршоци.