Во досегашната историја Alfa Romeo и Zagato креираа бројни убави автомобили кои и ден денес се дефиниција за убавина. Последниот рендер кој се појави на интернет иако именуван како Alfa Romeo Junior Zagato сепак е дело на двајца дизајнери од Индија.

Станува збор за Риши Соман и Сидант Џаокар кои инспирирани од Alfa Romeo GT 1300 Junior креираа рендер за можниот изглед на еден од идните модели на италијанскиот производител.

Секако, ова е рендер и не е официјализиран од страна на Alfa Romeo, па оттука сега е само еден од многуте предлог дизајни за некои од идните модели.

Во продолжение можете да уживате во неколку фотогрфии од овој рендер.