Општина Центар заедно со ЈП Паркинзи на Општина Центар и во соработка со Сообраќајната полиција минатата недела санкционираше 337 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 16 до 22 септември пајак службите на ЈП ПОЦ отстранија 198 непрописно паркирани возила, а 7 од нив се наоѓале на паркинг места наменети за лица со посебни потреби. Со блокатор санкционирани се 139 возила кои биле затекнати во резидентни зони.

Оваа акција Општина Центар заедно со ЈП ПОЦ ја спроведуваат во континуитет неколку месеци, а највено е и продолжување во наредниот период.