Шведскиот производител на камиони Scania претстави фантастична видео реклама за камионот S410.

На видеото на кое на почетокот се прикажани кадри од природата, централно место зазема камионот на Scania кој е придвижуван односно полетува со помош на бројни дронови.

Со ова видео Scania ја навестува електрификацијата и автономијата на камионите која како и кај автомобилите така и кај камионите станува се позастапена.