На 7. октомври, најпознатиот британски производител на мотоцикли, Triumph ќе го претстави новиот спортски мотоцикл Triumph Street Triple RS.

Ова го потврди бритнаскиот производител кој на својот YouTube канал претстави тизер видео од овој мотоцикл без при тоа да открие детали за истиот.

Она што може да се открие од тизер видеото е дека ќе добие целосно нова естетика пред се на предните светла. Британските медиуми откриваат дека овој мотоцикл располага со трицилиндрен агрегат од 765 кубика и 128 КС.

Повеќе детали ќе бидат откриени на премиерата на мотоциклот.