Honda ја потврди информацијата дека на претстојниот саем за автомобили и мотоцикли во Токио премиерно ќе го претстави мотоциклот CT125 кој всушност е реинкарнација на легендарниот C-90 од 60-те години на минатиот век.

Ретро дизајнот кој е инспириран од C-90 доаѓа со современа технологија и неколку современи дизајнерски елементи.

Продукцискиот модел ќе дојде со 125 cc додека на одредени пазарни региони ќе биде понуден и со 110 cc и 150 cc.

Во производство ќе се појави во првиот квартал следната година кога ќе биде дистрибуиран и во повеќе земји ширум светот.

Повеќе детали ќе бидат познати на саемот во Токио следниот месец.