Од Lexus припремија нешто ново. Станува збор за Black Line специјалната едиција на моделот NX300 која ќе биде претставена на саемот во Токиот.

Оваа верзија на купувачите ќе им биде достапна во три бои: Eminent White Pearl, Nebula Gray Pearl и Matador Red Mica. Екстериерно доаѓа со сјајна црна предна маска како и ретровизори со куќишта во црн сјај.

Во внатрешноста доминираат бронзените дизајнерски елементи, 10 инчниот екран осетлив на допир и новите кожни седишта во темна боја. Во зависност од бојата на каросеријата, во внатрешноста, но и фелните се достапни и во црна и сребрена боја.

Овој модел во продажба во понудата на Lexus во одредени земји ќе се појави во ноември годинава, а како што соопштуваат од Lexus, ќе бидат произведени само 2.000 примероци. Почетната цена во САД ќе изнесува 44.710 долари, а со доплата од 1.500 долари добивате и погон на сите четири тркала.