Град Скопје објави дека во текот на изминатата недела (23.09.2019 – 29.09.2019) од јавните површини на територијата на Скопје отстрани 295 возила.

Станува збор за возила кои биле паркирани на недозволени места односно површини, а од нив, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 250 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Во соопштението објавено на интернет страната на Град Скопје стои и дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  477 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 45 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.