Министерството за внатрешни работи преку соопштение ја информира јавноста дека денес и утре (02.10.2019 и 03.10.2019) во посета на Македонија ќе престојува државна делегација на Република Црна Гора.

Поради тоа, во наредните два дена на дел од сообраќајниците во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните за разбирање и за почитување на упатствата на полициските службеници задолжени за безбедноста на делегацијата, стои во соопштението на МВР.