Денес автомобилите се богати со бројна технологија која има за цел да ја зголеми безбедноста на патниците и околината, да го олесни возењето и да ја подобри конфорноста при патувањето.

За таа цел се користи најразлична напредна технологија и бројни сензори. Сепак, малкумина од нас знаат дека колку што ни олеснува при возењето, оваа технологија има потенцијално штетно влијание врз нашето здравје.

Пример за тоа е сензорот за детектирање на возила пред нашето возило кое може да предизвика нарушување на видот, па да предизвика дури и трајно слепило.

Овој сензор користи ласер, а најголем дел од овие ласери се класифицираат во класата 1М ласерски производи според меѓународниот IEC 60825-1 стандард. При нормални услови на работа, овие ласери не се штетни за незаштитено око. Сепак, потребно е да се почитуваат следниве мерки на претпазливост со цел да се спречи негативното влијание врз нашето здравје.

  • Избегнувајте изложување на ласерското зрачење
  • Никогаш не се обидувајте да го демонтирате или да се обидувате да го расклопите предниот сензор
  • Никогаш, ама баш никогаш не гледајте во предниот сензор од близина помала од 10 см
  • Не гледајте во сензорот со лупа, микроскоп или очила со голема диоптрија
  • Доколку приметите дека сензорот не функционира нормално, обратете се на сервис, но никогаш не се обидувајте да бидете сам свој мајстор

Image result for IEC 60825-1