За сите оние со авантуристички дух, Peugeot подготви еден поинаков Boxer. Станува збор за 4×4 концепт создаден за долги и незаборавни патувања.

4×4 концептот е дизајниран за сите терени па така не е никаков проблем доколку патувате некаде на Алпите, низ градски средини или некои песочни средини. Подготвен во целост и за лето и за зима.

Тоа е така благодарение на специјално дизајнираните гуми, повисокиот клиренс како и погонот на сите четири тркала.

Со одличен стил, иновативни материјали и внимателно дизајниран екстериер, оваа верзија на Boxer нуди беспрекорна комфорност при патувањата. Со површина од 10 метри квадратни, во внатрешнсота има одличен простор за три лица кои може да ручаат, спијат и забавуваат.

Под називот Boxer, Peugeot досега продаде над 700 илјади примероци. Истиот назив се користи за бројни верзии, а дали ќе се најде оваа верзија во сериско производство останува непознато.