На 23. октомври Kawasaki ќе ја прикаже премиерата на новиот модел Z. Како загревање за овој настан, jапонскиот производител објави кратко тизер видео.

Од видеото не може да се откријат многу детали, но она што се знае од претходно е дека овој мотоцикл ќе има темпомат, нов TFT екран со бројни можности, дополнителни системи против пролизгување, ABS итн.

Се шпекулира дека овој модел ќе располага со 231 КС исо колку и Ninja H2, но сето тоа е на ниво на шпекулација.

Премиерата ќе се случи на 23. октомври на саемот за мотоцикли и автомобили во Токио.