Во пресрет на саемот во Токиот овој месец каде ќе ја има саемската премиера, Toyota објави дека го поднови моделот C-HR.

Овој глобален модел кој првичо беше воведен во 2016 година доаѓа со нов хибриден погон. Станува збор за 2.0 литарскиот Hybrid Dynamic Force кој продуцира 184 КС и зголемени возни перформанси проследени со голема ефикасност.

Подновениот C-HR во продажба ќе се најде од декември годинава, а во понудата ќе биде и подновениот 1.8 литарски бензински мотор во хибридна верзија кој исто така доаѓа со подобрена потрошувачка.

Во внатрешноста доаѓа со последната верзија на Android Auto и Apple CarPlay како и апдејтиран мултимедијален систем кој вклучува и нови навигациони мапи и целосна интеграција со паметни уреди.