Сагата околу осмата генерација на популарниот Golf ќе заврши уште овој месец. Volkswagen и официјално потврди дека премиерата на овој модел ќе биде одржана на 24. октомври.

Светската премиера ќе ја има во Волфсбург во рамките на специјално организираниот наста “Life Happens with a Golf” на кои ќе учествуваат број новинари и автомобилски аналитичари.

Покрај основните бензински 1.0, 1.5, и 2.0 литарски бензински мотои и дизелскиот 2.0 литарски мотор, во понудата ќе биде достапен и plug-in хибридна верзија.

Екстериерно нема многу револуционерни измени, но затоа во внатрешноста доаѓа со целосно нова каде доминираат двата TFT екрани.

Во продажба доаѓа дефинитивно следната година, а засега останува непозната цената и останатите технички карактеристики.