Како и луѓето така и сите возила имаат свој матичен број. За разлика од луѓето каде тој е ЕМБГ или личен број, кај возилата тој се вика VIN број.

VIN (Vehicle Identification Number) е идентификациски број на возилото и истиот законски мора да го имаат сите возила односно автомобили. Важноста на истиот произлегува оттаму што без VIN број, според позитивните законски прописи автомобилот не може да се увезе, да се пушти во продажба и во сообраќај (да се регистрира).

VIN бројот е составен од 17 алфанумерички карактери. При тоа секој карактер или низа на карактери имаат свое значење. Што тие значат ќе видиме преку следниот пример:

1JCCM85E5BT001312

11. карактер: означува каде (во која земја) е произведен автомобилот
JC2. и 3. карактер: го означуваат производителот
CM85Еод 4. до 8. карактер: информација за брендот и видот на возилото и опционално големината на моторот
5 – 9. карактер: сигурносен карактер кој идентификува дека VIN бројот е авторизиран од страна на производителот
B10. карактер: моделска година на автомобилот
T11. карактер: покажува во која фабрика е произведен
001312последни 6 карактери: сериски број на автомобилот

Каде се наоѓа овој број? Овој број можете да го најдете на најразлични емста во автомобилот, но најчесто се наоѓа на следните четири: на столбот или прагот на возачката врата, пред воланот (под шофершајбната), под хаубата (на предниот дел од рамката) или на завршетокот на страничната рамка (од страната на возачот). Овој број може да се најде и под предното седиште, под задните седишта, на горниот носач од страна на возачкото седиште итн.

Врз основа на VIN бројот најголем дел од светските производители односно нивните овластени сервиси ја водат историјата на автомобилот. Сите поправки, редовни и вонредни сервиси се запишуваат на овој VIN број, а досието се чува во главната податочна база на производителите.

Оттука и совет плус, да кога купувате половен автомобил секогаш го проверите VIN бројот на овластениот дилер/сервисер на брендот кој го купувате. Со тоа ќе добиете точни информации за минатото на вашиот автомобил.

Проверка на VIN бројот на вашиот автомобил можете да направите ТУКА.