И кај моторните масла како и кај горивата постои меѓународна стандардизација. При стандардизирањето на моторните масла најголема улога има Американскиот нафтен институт (API) како и друштвото на автомобилски инжинери (SAE).

Овие два субјекти имаат свои интерни процедури и стандарди прифатени на регионално и глобално ниво. Што сето тоа значи и што ние треба да знаеме? Ќе започнеме со ред.

Кога купуваме моторно масло, гледаме кај нашиот мајстор или на фактурата што ја плаќање до самата ставка за моторно масло има кратенка. Што означува таа?

Пример кратенката 0W-20 можеби на прв поглед ништо не значи, но многу кажува.

  • ОW ги означува карактеристиките на маслото што овозможуваат стартување при ладни услови. Маслата со пониска вредност пред W овозможуваат полесно стартување на моторот при пониски температури.
  • Бројот 20 ги означува карактеристиките на вискозност на маслото кога маслото е на високи температури. Масло со повисока вискозност може да биде посоодветно, доколку возилото се вози со големи брзини или во екстремни услови на оптоварување.

Related image

Секој производител во зависност од моторот вграден во автомобилот препорачува соодветно моторно масло со одредена вискозност. Тоа зависи и од регионот. Така во Русија, Канада, Шведска и останатите земји каде температурите се пониски се препорачуваат моторни масла кои овозможуваат стартување на возилото на пониски температури. Такви се оние масла кои имаат 0W или 5W во кратенките.

Во земјите со поблага клима се препорачуваат моторни масла со поголема вискозност па така тука клучна улога игра втората бројка (пример: 15W-40).

Во субсахарските и сахарските земји односно земјите со екстремни високи дневни температури најчесто се препорачуваат моторните масла 10W-50.

На моторните масла се наоѓаат и соодветни етикети исто така меѓународно усвоени. На горниот пример се прикажани све етикети. Што значат тие?

  1. Сертификат на Американскиот нафтен институт (API) за квалитет
  2. Го означува квалитетот на вискозност согласност SAE стандардот
  3. Означува дека маслото има способност да штеди горива и ја штити околината