Денес и утре во Скопје, поради одржување на манифестацијата “Бела ноќ” и уличната трка “Скопје Трча 2019” ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

Денес во периодот од 19:00 до 00:00 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од вкрстувањето со улицата Франклин Рузвелт до вкрстувањето со улицата Костурски херои, и тоа само во насока од Ѓорче Петров кон центарот, поради одржувањето на манифестацијата “Бела ноќ“.

Утре пак, во периодот од 07:30 до 11:30 часот за сообраќај ќе бидат затворени повеќе улици и тоа: булеварот Илинден во двете насоки, од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до улицата Никола Парапунов, улица Никола Парапунов како и булеварот Партизански Одреди во правец спрема Ѓорче Петров, од крстосницата со улицата Љубљанска до улицата Ангел Динев.