Пред стартот на новата сезона, Jaguar го претстави болидот за новата сезона од Formula E шампионатот. Станува збор за Jaguar I-Type 4 кој британскиот производител го претстави на специјален настан.

На промоцијата на истиот учествуваа и двајцата возачи на Panasonic Jaguar Racing тимот, Мич Иванс и Џејмс Каладо.

На премиерата овој болид беше најавен како уште побрз и подобар од својот претходник потенцирајќи ги новите електрични мотори, унапредениот менувач, и целосно новиот систем за суспензија.

Првата трка од новата сезона се вози воСаудиска Арабија на 22. ноември. Покрај во оваа земја, на календарот оваа сезона се и трките во Чиле, Мексико, Мароко, Кина, Италија, Франција, Јужна Кореа, Индонезија, Германија, САД и Велика Британија.