Секторот за Внатреши работи при Скопје изминатиот викенд спроведе акциска контрола во која беа казнети близу 300 возачи.

Како што соопштуваат од МВР, 78 возачи се казнети поради пречекорување на брзината на движење, 61 возач поради останати прекршоци за оки се издадени 29 мандатни платни налози и 32 прекршочни платни налози.

Викендов санкционирани се и 22 возачи на мотори, а откриени се и 127 останати прекршоци за што се издадени соодветни поднесоци.